Мојата приказна се однесува на односот кон студентите при користењето на административни улуги на факултетите, нужни за нормално одвивање на образовниот процес. Паралелно функционира системот за електронски услуги и класичната шалтерска услуга со лично присуство, но и за двете има доста нејаснотии кои никаде, во ни еден прирачник не се добро објаснети. Станува збор за неетичкото и непрофесионалното однесување на админстративна службеничка во одделението за студенстки прашања за втор и трет циклус во Филозофскиот факултет. Јас се наоѓам во крајната фаза на моите магистерски студии на споменатиот факултет. Во периодот на полициски час и други рестрикции се приближуваше рокот за доставување на документите за фазата од студирањето во која се наоѓав. Бидејќи живеам во друг град во државата и бев свесна дека нема да можам да патувам, добро се информирав на веб сајтот на факултетот за постапката за време на мерките. Во тие упатства се посочуваше на телефонска или електронска комуникација со административната служба. Кога јас пристапив телефонски да се информирам за можните промени и сите останати битни информации кои треба да ги знам, тоа беше дочекано од крајно непрофесионално однесување на вработената, која без да ме ислуша веднаш започна да разговара многу луто и со висок тон. Кога некако се „изборив“ да дојдам до збор, иако мојот однос беше со почит и љубезност и воопшто не очекував таков одговор, на секое мое прашање беше одговарано со доза на иронија и без да знам дали станува збор за точна информација. Поради големата непријатност во комуникацијата јас не ги добив одговорите кои ми беа потребни и информациите морав да ги „берам“ од искуства на колеги. Меѓу тие информации беше и важната промена за рокот на уплатата која морав да ја направам, кој беше поместен. Кога дојде денот за поднесување на документацијата, која мора лично да се доставува, нема можност за електронско поднесување, исто така се сретнав со непрофесионално однесување и непотребно повишување на тонот, што сметам дека е недостоинствен начин на третирање на студентите од чии сретства во определен дел опстојува овој државен факултет. Овој образец на однесување во мојот случај се повторуваше и предходно, при секоја администртивна постапка која е дел од студирањето на втор циклус, од самото запишување, иако факултетот во официјалните документи им гарантира на студентите успешна административна соработка. Во оваа насока, исто така мора да забележам дека постојат доста нејаснотии околу паралелното користење наелектронска заверка и други услуги (iknow системот) и шалтерска заверка.
С. од Битола (25 години)