Cluster3edu

„Застапување за инклузивен развој“ е тригодишен проект поддржана од Швајцарската влада преку програмата Цивика Мобилитас што Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува заедно со Балканскиот институт за регионална соработка и Форумот за разумни политики, кој воедно ја предводи акцијата.

Проектот има за општа цел да ја подигне свеста на стручната и пошироката јавност за важноста на Болоњскиот процес и неговата доследна примена, особено за неговата темелна вредност – мобилност, како предуслов за мерлива примена на интерсекторското планирање на високо-образовната и научна дејност со економската област според принципот на „двојната транзиција на ЕУ“ – дигиталната и зелената.

Главните активности предвидуваат изработка на: анализа на политики, студија на законодавството со предлози за промени на политики и препораки за реформи, акциски план за интерсекторско застапување во образованието, предлог амандмански решенија на Законот за високо образование. Сите активности на конзорциумот ќе бидат достапни на специјално креираната веб страница.