Cluster3edu
Menu
За Проектот
Настани
Студии
Визуелизации
Подкасти
Во медиумите
Твојата приказна
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
Македонија не ги следи европските текови во Високото образование. Резултатот од тоа е преполовен број на студенти на државните универзитети во последните 10тина години. Додека западноевропските универзитети привлекуваат огромен број на странски студенти, македонските не се привлечни ниту за домашните.
И македонските студенти кои преку размена ќе отидат да го збогатат своето знаење во странство, кога ќе се вратат тука се соочуваат со проблеми.
-Сме имале многу случаи со студенти во домашните универзтите кадешто има одредени професори и универзитети, кои иако знаат дека според Болоњскиот процес треба да ги прифатат оценките и кредитите, не го прават истото, вели Бленди Ходаи.
Болоњскиот процес се уште не е целосно применлив во Македонија. Поради тоа македонските студенти губат можности за напредок.
-Во рамките на европскиот образовен простор се нудат многу можности како нашите студенти да шетаат, да бидат мобилни па да се вратат во Македонија на еден пристоен начин да се нострифицираат дипломите и да можат да си го најдат своето место на пазарот на трудот, вели Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики.
Но македонските студенти ги немаат овие можности во целост бидејќи Македонија нема системско решение за за вмеружвање на студентите, универзитетите и бизнис секторот.
Експертите велат дека потребни се промени веднаш. Европската унија на секои 7 години креира стратегија за образование, а нивните приоритети ги нема никаде во македонската стратегија.
-Има голем простор за напредок првично на Законот за образование, меѓутоа и за оваа стратегија која мора да биде што поитно да биде ревидирана и во истата да бидат инкомпорирани голем број на политиките што ги креира Европската унија во насока на образованието, обуката, младите и спортот, вели Александар Богојевски од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Образовни експерти, професори, студенти, претставници на невладините организации на Форум бараат начин како да се подобрат состојбите во високото образование. Од идната влада ќе бараат да ги следи европските текови во образованието за Македонија да не остане слепото црево на Европа.
Извор:
Сител